Илјадници прилепчани ги исполнија сите храмови за да ја дочекаат радосната вест за Христовото Воскресение.
Дворовите на храмовите “Св. Петка”, “Св. Кирил и Методиј”, “Свето Благовештение” и “Свето Преображение”, беа претесни да ги соберат сите верници, кои се помолија за Божја наколетост, љубов, здравје, мир и благодет.
Со радосниот поздрав “Христос Воскресна, Навистина Воскресна”, прилепчани си посакаа да го слават празникот уште многу години и да бидат уште побројни и повесели.