Пожарот кој деновиве избувна во близина на манастирот Трескавец одново најопасно се заканува да го загрози вековното светилиште на прилепчани.
Откако во средата во текот на ноќта беше ставен под контрола, од вчера попладнето пожарот повторно се распламти и започна одново забрзано да се шири.
Граѓани кои дежураат околу манастирот апелираат до прилепчани и бараат помош! Секој еден е потребен за да се спаси манастирот.
Огнот моментално е стасат до репетиторите пред ѕидините на манастирот.
Секој доброволец кој сака да помогне во гаснењето на огнот нека се упати кон Трескавец и со себе нека понеси вода, алат за гаснење и по можност храна.
Апел и до бизнис секторот да покаже општествена одговорност и со сите можни ресурси да помогне да се спаси манастирот.