Полицијата во Прилеп поднесе кривична пријава против 30- годишниот Б.С од село Обршани-прилепско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.
На 26.08.2017 година околу 19 часот и 45 минути на патот од село Обршани кон село Мало Коњари пријавениот им го попречил патот на пријавителот кој патувал со своето семејство, при што излегол од возилото и со нож во раката се упатил кон возилото на пријавителот, и се заканувал дека ќе му го убие семејството.