Синоќа, околу 1 часот по полноќ во Полициската станица Прилеп, 36-годишниот Б.М. пријавил дека на 08.04.2018 година околу 19 часот додека се движел пеш по улицата „Лазо Филипоски“ го пресретнало патничко возило „Југо“, во кое бил 37-годишниот И.Р. заедно со уште едно лице. Тие излегле од возилото и почнале да му се закануваат на Б.М. во врска со статус на „Фејсбук“ кој тој го напишал за И.Р., по што физички го нападнале.
Б.М. успеал да избега и влегол во една од куќите во близина. По него во куќата влегле и двете лица и продолжиле да го удираат, а И.Р. му побарал пари, му го одзел пасошот и му рекол да извади се од џебовите.
Сопственичката на куќата рекла дека ќе повика полиција и во тој момент напаѓачите си заминале. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.