World festival of youth and students- е светски фестивал за млади и студенти кој се одржува ендаш на 4 години. Неговата историја датира од далечната 1947 година, кога за прв пат бил одржан во Прага, Република Чешка.
Здраво Кирил, раскажи малку повеќе за грандиозниот настан?
Здраво Македонци! World festival of youth and students- е светски фестивал за млади и студенти кој се одржува ендаш на 4 години. Неговата историја датира од далечната 1947 година, кога за прв пат бил одржан во Прага, Чешка. РУСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА два пати била домаќин на фестивалот во 1957 и 1985 година во Москва. Оваа година повторно Русија е домаќин, туристичкиот град Сочи од 14-22 октомври ќе пречека 20 000 делегати од целиот свет. Повеќе од 180 држави ќе учествуваат на овој фестивал. Фестивалот се одржува на 6 официјални јазици: руски, англиски, арабски, кинески, шпански и француски.
Каков беше патот до успехот, како е да се биде делегат во туѓа држава?
Патот до успехот е секогаш тежок, но самодовербата и напорната работа секогаш даваат високи резултати. Повеќе од 2 000 млади и успешни студенти од Татарстан беа пријавени за учество на фестивалот, но најдобрите 200 беа избрани од страна на Министерството за млади и спорт да ја претставуваат најдобрата Република во Русија, Република Татарстан. Пресреќен сум што имам можност да бидам дел од таа делегација, да бидам еден он најдобрите.
Без разлика на тоа што јас ќе ја претставувам Република Татарстан на фестивалот, јас истовремено сум и амбасадор на Македонија, правам се за да ја претставам МАКЕДОНИЈА во најдобро светло. Со нетрпение го очекувам стартот на грандиозниот настан, знам дека нашата делегација од МАКЕДОНИЈА ќе биде таму, и ќе имам можност да им ја покажам замјата во која студирам и се развивам.
За крај што сакаш да им кажеш на нашите читатели?
Бидете упорни, самоуверени, развивајте се на секое поле, правете се што е возможно! Кога за момент ќе помислите дека сте го достигнале врвот, знајте дека тогаш се започнува!