Прилепчанецот Влатко Алексоски го освои Истанбул: Неговите креации освоија златен медал на Интернационалниот Гастрономски Фестивал

Интернационалниот Гастрономски Фестивал во Истамбул е настан во организација на Федерацијата на готвачи од Турција која оваа година се одржа по 16-ти пат од 22 до 25 февруари во Тујап Конвенцискиот центар.

Фестивалот е наменет да ја доближи турската со светската кујна и да ги собере различните светски вкусови на едно место во Истамбул.

Овој настан е доста успешен во изминатите години и секоја година побудува огромен интерес кај познатите светски готвачи.

На фестивалот настапи и добро познатиот аранжер и готвач од Прилеп, Влатко Алексоски, кој во категоријата “резба” го освои златниот медал.

Креациите на Влатко се добро познати не само во Прилеп, туку и ширум Македонија, како и на повеќето натпревари на кои учествувал.

Неговите креации се вистинско совршенство кое плени сечиј поглед.

 

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.