Прилепската полиција поднесе кривична пријава против З.К. (28) од с.Кривогаштани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело предизвикување општа опасност.
Ноќта помеѓу 13 и 14 август пријавениот со запалива течност го полил и го запалил возилото марка “Форд Скорпион”, сопственост на Г.Р.
Оштетениот претходниот ден и дал отказ на девојката на пријавениот, која што работела во неговата кафеана како келнерка, соопшти полицијата.