Прилепските месари и касапи денеска го слават светецот заштитник денот на раѓањето на Свети Јован Крстител, празникот Иванден

111

Според традицијата, претпладнево претставници на организацискиот одбор на месарите и касапите од Прилеп, присуствуваа на свечена литургија која што се одржа во црквата „Св. Преображение“.
„Денешниот ден за нас касапите е голем ден и никогаш не го забораваме. Традицијата останала од пред многу години, денеска присуствуваме на литургија, а потоа и на заеднички ручек, информираа од организацискиот одбор.
Овогодинешните домаќини посакаа многу здравје и среќа.
Градоначалникот Марјан Ристески кој присуствуваше на денешната утринска литургија по повод Денот на касапите, им го честита празникот посакувајќи им многу повеќе работа во наредната година.
„На сите православни христијани им го честитам денешниот празник, а на сите што го носат името на светителот, честит именден. Денеска во Прилеп се одбележува уште еден празник, а тоа е празникот на месарите и касапите од Прилеп, нека е за многу години и им посакувам многу повеќе работа во текот на оваа година“, посочи Ристески во својата изјава.
Денешната дружба заврши со свечен ручек каде касапите уживаат во заедничката дружба.

116 112 113 114 115




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.