Прилепскиот DJ HARIS (Хари Ристески), го претстави својот нов ремикс на веселата нумера “Дојди”, во изведба на Викторија Лоба и продукција на Роберт Билбилов.
Haris, со својата преработка во Moombahton/Dancehall жанр, и дава посебен шмек на песната со што се истакнува неговиот стил на продукција.
Како звучи овој ремикс, може да слушнете на линкот подоле, a доколку ви се допаѓа може слободно да го превземете на линкот оставен во описот на Јутјуб каналот.
Во продолжение слушнете го ремиксот за “Дојди”: