„Ништо без Трифолио“ во режија на Коле Ангеловски, најновата весела комедија на театарот „Војдан Чернодрински“ при НУЦК„Марко Цепенков“ ќе имаат можност да ја проследат и велешани и кумановчани. Настапот во Велес е денеска понеделник (16.10) во рамките на 16 издание на Фестивалот на античка драма, додека во Куманово на 18 октомври на 20 меѓународен театарски фестивал „Денови на комедијата“.
Претставата , како што вели авторот Русомир Богдановски, е „комедија во грчко-римски стил напишана по средбата со веселиот дух на римскиот комедиограф ПУБЛИЈ ТЕРЕНЦИЈ АФРИКАНЕЦ, кој ослободен од телото на својот господар во 159 година пред нашата ера, лута низ вековите“.
Многу е интересна за гледање, па публиката во двата града ќе ужива со сите сплетки и недоразбирања кои произлегуваат од една основна тема – потрагата по љубов.