Прилепскиот пингпонгар Рикалоски со 6 од 6 на турнирот во Крива Паланка за влез во репрезентација

Денеска во Крива Паланка се одржа првиот бодовен турнир за младинци, во организација на ППФМ.

Турнирот беше за ранг листи за влез во репрезентација за сезона 2017/18. На турнирот учествуваше и пингпонгарот на ППК “Младост96”, Александар Рикалоски.

Убедлив во својот настап со 6 победи без пораз, турнирот го заврши триумфално пред своите противници.

Како прв во групата, на главна табла во 1/4 финале беше подобар од Костовски од ППК “Крива Паланка” со 4-0.

Во полуфинале со истиот резултат 4-0 беше подобар од Л.Ѓошев од ППК “Вин-Спин” од Виница.

Во финалето одлична игра и победа со 4-2 над ривалот од ППК “Рисови” Скопје, Методиј Бужаровски.

Ова беше прв од четирите бодовни турнири вклучуваќи го и Државното првенство наредната година.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.