Прилепската фолк-дива Елена Велевска ќе биде дел од жирито на “Гранд продукција”

maxresdefault

Македонската фолк-поп дива Елена Велевска ќе биде дел од жири комисијата која “Гранд продукција”ja организира во Скопје во сабота (2-ри септември) во просториите на Канал 5 ТВ, за новите кандидати на најгледаните балкански музички талент шоу програми,”Ѕвездите на Гранд”,”Никогаш не е доцна” и “Некои нови клинци”.

-“Почестена сум што добив покана да бидам дел од овој проект. Ние како Mакедонци досега во тие шоу програми покажавме многу, и сигурна сум дека допрва уште ќе докажеме колку талентиран народ сме. Од мене секој оној кој ќе замине во Белград ќе ја добие подршката, ќе помогнам колку што можам да се претстават во најдобро светло, зошто да не е и оваа година наш Mакедонец победник!?, изјави Велевска.

Натпреварувачите кои барем еднаш се појавиле на гламурозната сцена на Гранд, нема да има потреба да дојдат на аудиција, само ќе треба да се јават на телефонскиот број 072 208 206 и да покажат интерес за учество во шоуто.

Нивните снимки од претходните учества ќе ги разгледуваат Елена Велевска, Анета Мицевска, Ристе Ристески и Саша Поповиќ, па потоа ќе донесат заедничка одлука и ќе ги повикаат во Белград.

Имено, Велевска е истакнат македонски естраден уметник, која својата кариера во континуитет ја гради веќе 22 години, во последниот период македонската песна со гордост ја промовира во соседна Бугарија, а има настапи и во Србија, каде е одлично прифатена.

Елена Велевска е единствената фолк-поп пејачка која би можела да се носи рамо до рамо со Карлеуша и Цеца и баш би било забавно доколку ги видиме заедно како дел од од најгледанато балканско талент шоу.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.