Прилепчани и жителите на соседните општини кои гравитираат околу Прилеп, веќе го заборавија стариот лик на општата болница “Борка Талески”.
Болницата прерасна во современ здравствен центар, кој ги доби сите потребни услови за пружање на квалитетна здравствена грижа за граѓаните.
Покрај реконструираните болнички одделенија, се набавуваше и современа медицинска опрема, тоа: 4 ехо апарати, оперативни светла и оперативни столови, мамограф, 10 пациент монитори, комплетно нова опрема за одделението за физикална медицина, нови јоги за сите болнички легла, апарат за анестезија, ЕКГ апарати, дефибрилатори…)
Исто така комплетно реконструирани се и оперативните блокови во болницата.
Директорот на болницата Петар Ристески, денеска потсети на сите реализирани инвестиции во прилепската болница, која инаку опслужува повеќе од 200.000 пациенти годишно.
И додека ова беше одлика на претходната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, новата влада на СДСМ најави прекинување на изградбата на новиот клинички центар во Скопје, нешто што ќе предизвика огромна финансиска штета, на проект за кој веќе се обезбедени парите, и за кој е потпишан договор за градба.
Прилог: Канал Визија
А/Г/