Вработените во прилепската компанија Еурокомпозит АД 11 Октомври денеска го продолжија штрајкот и го блокираа патниот правец Прилеп-Градско.
Тие ја бараат ветената исплата на околу 14 плати, придонеси од јули 2012 година и целосната плата за 2018 година, ветувања кои им ги дал премиерот Заев на последната средба, со уверување дека тоа ќе се случи пред Нова година.
Во денешната изјава за медиумите, претседателот на синдикалната организација на оваа компанија Рoберт Богданоски меѓудругото истакна:
“Директорот не советува да работиме за плата од 5000 ден, а неговите дневни трошоци се 5-6000 денари”
Целата изјава проследете ја од прилогот на ТВ “Kaнал Визија”.