Претседателот на СДСМ Кавадарци физички нападнал активисти на ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на СДСМ Кавадарци, Зоран Ѓоргиев денес физички нападнал активисти на ВМРО-ДПМНЕ.

Во насилството, тој не бил сам туку придружуван од партиски колеги од СДСМ. КУРИР дознава дека група на СДСМ на чело со претседателот на општинската организација, Зоран Ѓорѓиев нападнале активисти на ВМРО-ДПМНЕ и набљудувач на избирачко место. Како што дознаваме, нападнати се Ристе Стоев, Ѓорѓи Ѓорчев и Илија Илиев.

Физичкиот напад се случил денеска во близина на избирачко место „Слога“ кога група активисти на СДСМ на чело со нивниот претседател Ѓорѓиев физички нападале активисти на ВМРО-ДПМНЕ и набљудувач на избирачко место. Со тоа го имаат нарушено јавниот ред и мир за време на изборите.

На членовите на ВМРО-ДПМНЕ и набљудувачите им се нанесени физички повреди.

Исто така овој инцидент е констатиран со полициски записник,  а во тек е расветлување на случајот од стана на МВР.

Насилството од членови на СДСМ трае во текот на цела изборна кампања и во деновите на гласање.

 

Извор: Курир




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.