Пресврт во убиството на Јелена: Не ја убил Зоран, приведуваат друга личност

Нов пресврт во истрагата за убиството на ѕвездата на Гранд, Јелена Крсмановиќ Марјановиќ. За пејачката чие убиство беше мистерија година и пол, конечно почна да се одмотува клопчето, а во затвор е нејзиниот сопруг Зоран Марјановиќ.

Според последните информации на српските медиуми, изгледа за делото ќе има ново апсење, бидејќи пејачката ја убила девојката на Зоран, 31-годишната Зорка со која бил во врска додека му траел бракот.

Зоран неколку пати и пред и по убиството одел кај Зорка, дури и на денот на погребот на 7. април лани.

Полицијата ја испитува и нејзината вмешаност во случајот.

За потсетување, Јелена беше убиена на 2. април на насипот кај Борча, во Црвенка кога отишла да џогира. Таа била брутално убиена, мачена, на ноктите и била најдена варикина, била неколку пати удрена со тап предмет во главата, и целосно била крвава.

Таа зад себе ја остави петгодишната ќерка Јана.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.