Прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ вчера вечер, во 19.30 часот, премиерно ја изведе претставата „Клетници“ од Виктор Иго, во режија на Мартин Кочовски.
Автор на драмскиот текст на делото на Виктор Иго „Клетници“ е Горјан Милошевски, Владимир Ѓорѓијоски е драматург, костимите, сценографијата и дизајнот на светлото се на Јулијана Војкова Најман, а музиката во живо ја изведува групата „Фолтин“.
Во претставата игра речиси целиот ансамбл на прилепскиот театар, како и повеќе гости.