“Пред некој ден ми се јавија од пошта, некој ми испратил пари. Помислив дека е некаква грешка, но…”

Пред некој ден ми се јавија од пошта, некој ми испратил пари. Мислев дека станува збор за грешка, затоа што немам никој кој би ми пратил пари, па искрено помислив дека некој се шегува. Кога појдов во поштата ми рекоа дека имаат писмо и 3000 долари за мене, а јас и понатаму не можев да верувам.

 Го зедов писмото и започнав да го читам, го испратил другарот од основно кој сега живее во Америка. Во минатото беше сиромав, како што сум јас сега, но јас делев се’ со него, ми беше како брат. Пред 10 години замина за Америка, изгледа успеал. На крајот од писмото пишуваше , ” Брате, кога и да ти треба, само јави ми се, знам како ти е сега и знам каков човек си кога имаш пари. Фала му на Бог јас сега имам доволно и сметај како и ти да имаш.
Твојот брат.
 Ни сега не можам да поверувам дека некој се сетил на мене по толку години и дека ги памти моите добри дела. И во овие тешки, лоши времиња се исплаќа да се биде човек, кој би рекол.
Ф.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.