Решете го најголемиот проблем кој може да ве мачи кога ќе тргнете на пат
Ако истиот момент кога ќе тргнете на пат започнете да се грижите дали сте го заборавиле шпоретот вклучен, постои навистина прост трик кој ќе ви помогне да не се грижите безпотребно.
Пред да заминете на пат, сликајте го шпоретот, бојлерот и останатите уреди во домот, за кои би можеле да помислите дали по некоја случајност сте ги заборавиле уклучени.
Ако во одреден момент вашиот мозок започне да си игра со вас “дали исклучив се’ или не” – eдноставно прегледајте ги фотографиите во телефонот и ќе бидете сигурни дека се е во ред.
Овој лесен трик со сигурност може да ви даде мир и безгрижно да го продолжите вашето патување.
А/Г/