Прв Национален Турнир во СТРЕЛАШТВО со воздушна пушка во Прилеп

Вчера со почеток во 11,00 часот во спортската сала на Центарот за Социјални Грижи –Прилеп се одржа 1 Национален Турнир во СТРЕЛАШТВО со воздушна пушка.

Турнирот беше во организација на Интернационалната Полициска Асоцијација (ИПА), Секција Македонија, Регион ИПА –Прилеп, со техничка поддршка на Стрелачкиот Клуб „СК-Стрелец 09“ –Прилеп.

На турнирот учество зедоа од вкупно 38 натпреварувачи од 6 ИПА Региони – Секција Македонија (Прилеп, Скопје, Штип, Куманово, Струмица и Битола) од кои 29 во машка и 09 во женска конкуренција.

Резултати:

Машка конкуренција:

1. Христијан Петровски 1-место 85 кругови ИПА регион Битола
2. Коста Талески 2-ро место 79 кругови ИПА регион Прилеп
3. Драган Марковски 3-то место 78 кругови ИПА регион Битола

Женска конкуренција:

1. Дијана Петрова 1-во место 77 кругови ИПА регион Штип
2. Мартина Николовска 2-ро место 75 кругови ИПА регион Битола
3. Биљана Мантароска 68 кругови ИПА регион Прилеп.

Најдобар стрелец на Турнирот е прогласен Христијан Петровски од ИПА регион Битола.
Организаторот е задоволен од севкупната организација и масовноста на Турнирот, при што настанот се планира да стане Традиционален и да премине на Меѓународно ниво.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.