Прво место за гимназијалците на државниот натпревар за иновативни производи

hemija-2017-6

На 12-05-2017 год.со почеток во 09 часот на Технолошко-Металуршкиот факултет во Скопје и во организација на ТМФ и здружението на металурзи на Р.М. се одржа државниот натпревар на средните училишта од Р.М. со проекти за ИНОВАТИВНИ ПРОИЗВОДИ 2017 год. На натпреварот учество зедоа и два тима од СОУ ГИМНАЗИЈА „МИРЧЕ АЦЕВ“ Прилеп.

hemija-2017-7

Едниот тим со проектот „Сладен сок-увертира, перспектива, иднина…“ од ученичките Косара Блажеска и Исидора Стеваноска од III-8 клас, го освои првото место и парична награда од 15000ден.

hemija-2017-4

Вториот тим во состав Фросина Трајкоска и Ебру Мифтароска од III 4 клас, освои четврто место со проектот „Индикатор за пестициди, инсектициди и фунгициди во органски производи”.

Учениците од двата тима се здобија со уписнини на ТМФ доколку одлучат да го продолжат своето образование на истиот.

И на двата тима, ментор им е професорката по хемија Ружа Ангелеска.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.