“Прва седница на Совет во двојазичен Прилеп – Ви го вети ли ова Градоначалникот и СДСМ?!”

Изјава на Петар Ристески координатор на советничката група од ВМРО-ДПМНЕ Прилеп

“Денес се одржа 11-тата седница на советот на Општина Прилеп. Имаше повеќе точки од кои една од поважните беше донесувањето на завршната сметка на Општина Прилеп и отворањето на градинката во склоп на училиштето „Рампо Левката”, проект отпочнат од минатата локална самоуправа и градоначалникот Марјан Ристески и со големо задоволство гласавме за доизведба и завршување на овој проект и конечно пуштање во употреба што ќе значи многу за граѓаните на Општина Прилеп и згрижување на дечиња во тој дел од градот.

Да се насочам на донесувањето на завршната сметка бидејќи во неколку наврати градоначалникот Илија Јованоски драматизираше дека сметката на општината е во катастрофално лоша состојба. Денес се демантираше сам со извештајот односно завршната сметка која ни ја достави, односно службите од локалната самоуправа ни ја доставија да ја изгласаме.

Според книговодствената евиденција, вкупните неизмирени обврски на локалната самоуправа на крајот од 2017 година, заклучно со 31.12 изнесуваат 34.827.518 денари. Вкупните обврски доспеани, изнесуваат, 29.387.000 денари, додека вкупните недоспеани обврски изнесуваат 5.439.000 денари.

Состојбата на паричните средства на ден 31.12.2017 година изнесуваат 8.411.000 денари. Од ова се гледа и потврдува извештајот на Министерството за финансии дека Општина Прилеп не само што не е многу задолжена туку и не се наоѓа на оној список на општини објавен од ова министерство.

Прикажувањето лажно на лоша економска, финансиска состојба на општината е со една цел, градоначалникот да добие алиби за да не ги реализира ветените проекти.
Денес добив одговор на советничко прашање до каде е проектот со изградба на кружен тек кај мостот „Табана” и доизградба на улицата „11 октомври”.

Овој проект беше оценет за одличен од Светската банка и беше одобрен кредит за негова реализација, и лично од него денес на седница на совет беше потврдено дека е оценет како добар ни кажа дека нема да го спроведе, бидејќи се консултирал со стручњаци од фелата и кажа дека не бил оправдан”, истакна Петар Ристески.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.