Фудбалерите на Победа попладнево на стадионот на Могилата го одработија 5-от тренинг од почетокот на подготовките. Екипата полека се комплетира, на тренинзите се приклучија и Филип Најдовски и Дејан Цветаноски, од вчера и Мирослав Станиќ. По утринскиот тренинг на снага во теретана, поппладнево се работеше комбинирано на трка и со топка, а тренингот заврши со игра на два гола.
Во меѓувреме додека екипата тренира се прават напори да се обезбедат спаринг партнери за контролни натпревари. Првата тест средба е договорена за 9-ти јули во Охрид против прволигашот Ренова, меч што денес го договорија тренерот на Победа Зоран Штерјовски и старо-новиот стратег на ,,гипсарите,, Влатко Костов.