Пратениците одобрија притвор за шестмина свои колеги

Собранието го одобри барањето на судот за одземање на имунитетот на 6 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ. На седницата на која не присуствуваа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, 67 пратеници во Собранието решија шестмина нивни колеги да може да одат во притвор.
Пратениците, Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Жаклина Пешевска, Јохан Тарчуловски, Љупчо Димовски и Сашо Василевски.

Сега на потег е судот кој треба да донесе решение ,  кое ако биде за определување на привтор, пратениците ќе бидат префрлени во Истражниот затвор во Шутка.

Обвинителството ги сомничи за тероризам за настаните од 27 април.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.