Професорот Ферид Мухиќ независен пратеник во редовите на СДСМ, при гостување во емисијата „60 минути“ на ТВ Алфа, рече дека е против наметнување на решение за името од страна на Грција.
Мухиќ смета дека договор со Грција ќе биде штетен за иднината на Македонија и дека тоа може да биде причина за уништување на македонскиот идентитет и држава.
Дури и ако договорот со Грција зависи од неговиот глас Мухиќ ќе биде против затоа што мисли дека тој е штетен.
Целото Интервјуто на пратеникот на владеачката коалиција ќе биде објавено на Алфа вечерва.