Православни обичаи за кои немате слушнато: Еве како ширум светот се слави Велигден (ФОТО)

Велигден во светот, освен македонската, денеска го слават и руската, грчката, бугарската и етиопската црква, како и дел од Ескимите кои живеат на Алјаска, но и православните верници во Египет.

Народите ширум светот на различни начини го прославуваат најголемиот христијански празник.

Велигден во светот, освен македонската, денеска го слават и руската, грчката, бугарската и етиопската црква, како и дел од Ескимите кои живеат на Алјаска, но и православните верници во Египет.

Грција

Преубавиот остров Крф негува необична велигденска традиција. Жителите на овој остров неделата ја почнуваат со кршење на садови.

Поточно, од самото утро, мештаните од прозор фрлаат земјени ќупови и чинии на улица. Некои веруваат дека овој обичај потекнува од старата Венеција, каде за Нова година се исфрлувале старите работи од домот. Според други, со кршењето на земјените садови симболично се слави почетокот на пролетта, будењето на природата која ќе донесе плодови, храна, се она што се држи и припрема во овие садови.

Бугарија

Централно место на празничната трпеза кај Бугарите зазема домашната штрудла. На Велики четврток се фарба првото јајце и се припрема тесто за велигденски леб, кој во Бугарија се вика кавај, Божја пита, кошара, харман, квасник, јајцениќ, плетеница или кукла.

Должност за секоја Бугарка е да спреми леб со црвено јајце во средина, кое се поклонува на првиот гостин кој ќе дојде во посета. Во недела Бугарите одат во црква на света литургија и се враќаат во домовите со свеќа во раце. Исто така, во Бугарија обичај за Велигден е да се носи нова облека, која симболизира раѓање на нов живот.

Русија

Велигден за 11 векови христијанство во Русија, бил и останал семеен празник. Низ целата земја, почнувајќи од Велики четврток, се пече колач, се спрема сирна пасха, се бојат јајца на различни начини. Старински обичај е за Велигден да се припреми богата трпеза, па дури и во скромните семејства, каде колачот и јајцата се задолжителни.

На обоените јајца семејствата со денови посебно се гордееле. И останата храна која би се нашла на масата за празник, инаку не се спремала во обичните денови. На Велигден би се служело месо и тоа прасешко или телешко печење, со други специјалитети, како и неизбежните колачот и јајцата.

Велигден се обележува во кругот на најблиските. Исто така, обичај бил во текот на велигденските празници да се посетуваат роднини кои живеат далеку.

Во куќите се палеле свеќи, ламби и останати извори на светлост, а во храмовите за време на литургијата биле запалени сите ламби над иконите и многу свеќи.

Празничната литургија траела цела вечер. Свештениците по завршувањето на службата храмовите ги осветувале со јајца, колач и пасха кои би ги донеле верниците.

На Велигден, одејќи на честитање на празниците кај блиските роднини или соседи задолжително се носеле обоени јајца. Се поздравувале со зборовите „Христос воскресе- Навистина воскресе“, со бакнување во образите три пати. Овој обичај инаку е смета за карактеристичен во словенските православни народи.

Ескимите

Православниот Велигден го слават дури и 25.000 Ескими на Алјаска. Овој обичај останал уште од 1741 година, кога Алјаска била во состав на Русија. Тогаш првите руски трговци го пренесувале православјето на Ескимите.

Денес Ескимите Велигден го слават и по недела и пол, и тоа затоа што на соседите и роднините не им се исплати истиот ден да се враќаат дома од славењето, затоа што се 10-тина километри оддалечени едни од други. За празник обично се припрема посолена риба, најчесто лосос, а се служи во сирова состојба. На се трпезата се наоѓа и салата од ретка билка, која половина година се чува само за таа прилика.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.