Правила на кои Ким Јонг Ун ја присилува својата сопруга да ги почитува

Јавноста е изненадена секој пат кога ќе ја види сопругата на владетелот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун. Така беше и неодамна при посетата на Кина, кога Ким со себе ја поведе и Ри Сол Џу.

Како изгледа животот на мистериозната Ри Сол Џу и кои правила таа мора да ги почитува?

Морала да земе комплетно ново име

За да се сокрие голем дел од нејзиното минато од народот, Ри Сол Џу морала да прифати со бракот комплетно ново име, не само промена на презимето на пример.

Не е познат ниту датумот на нејзиното раѓање.

Присилена била да ги крие бременостите

Таа исчезна од пред очите на јавноста со месеци и имаше максимално ниво на изолација за време на бременостите.

Некои дури стравуваа за нејзиниот живот и помислуваа дека ѝ се случило најлошото.

Не ѝ e дозволено да ги гледа родителите

Ри Сол Џу потекнува од познато семејство. Нејзината мајка е на чело на една гинеколошка болница, а татко ѝ е професор. Таа го запознала Ким поради тоа што нејзиниот чичко бил еден од воените советници на владетелот на Северна Кореја.

Кружат гласини дека Ру Сол Џу ги нема видено своите родители со години, бидејќи цело време мора да му биде посветена на Ким.

Не смее да ги изнесува нејзините деца во јавност

Парот има три деца, но досега тие никогаш не се фотографирани. За нив речиси и нема информации освен дека имаат 2 ќерки и 1 син, кој го добиле неодамна.

Била присилена да се омажи за Ким Џонг Ун

Наводно татко му на Ким, кој бил познат како многу строг диктатор и владетел, одлучил дека Ри Сол Џу е совршена за да му биде сопруга на неговиот син, па таа немала некој преголем избор.

Кружат гласини дека таткото на Ким имал цела листа на жени, но ги криел од јавноста.

Игнорирана е од медиумите

Ри Сол Џу никогаш не е во фокусот на медиумите за да не му ја украде централната позиција на нејзиниот сопруг.

Таа е третирана само како негова сенка, која е дел од толпата што го придружува Ким.

Морала да има деца сè додека не добие син

Ким сакал по секоја цена машки наследник. Парот наводно е во брак од 2009 година, а објавија во 2012, и бидејќи првите две деца биле ќерки лидерот не бил задоволен и се надевал на син. Сега, синот е тука.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.