Правела селфи на рајските водопади, а не знаела дека позади неа се случува трагедија која ќе ја следи до крајот на животот (ВИДЕО)

Aнеки Бадинг уживала кај прочуените Мекензи водопади во Австралија, а потоа и се случило нешто што и го променило животот.

Насмевката брзо се претворила во паника, откако после селфито кое го направила, забележала дека се случува метеж.

“Слушнав само врисок. Кога се завртив, според движењето на момците на стената, помислив дека некое опасно животно се појавило во водата. Тогаш една девојка ми го зеде стикот од рацете за да му помогне на човек кој се давеше во водата”, рекла таа.

Всушност едно моме од Тајван (28) се слизнало на карпите и паднало во водата.

“Се обидовме да повикаме полиција, спасувачки служби, но немавме мрежа”, додала Анеки.

На момчето му немало спас, поради силниот притисок на местото каде водата паѓала, а младата туристка ја предала својата фотографија во локалната полиција.

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.