По повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, Детската Амбасада организираше поетско литературно читање

Детската Амбасада за Сите Деца во Светот по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, на 27 февруари (вчера), во градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп, по втор пат, организираше поетско литературно читање на мајчин јазик на слободна тема. Учество зедоа сите основни училишта од Општина Прилеп, Општина Долнени и членови на Детската Амбасада за Сите Деца во Светот кои го посетуваат Едукативниот Центар.

Учество зедоа дваесет и шест ученици кои се преставија со своите творби на Македонски, Албански, Турски, Босански и Ромски јазик.

Комисијата која ги оценуваше учесниците ја сочинуваа: Цветанка Стојаноска, наставник во ООУ„Гоце Делчев“ од Прилеп, Благојче Николоски, писател и едукатор по Англиски и Шпански јазик во Едукативниот центар при Детската Амбасада и Бисера Вишиноска, наставник во ООУ „Рампо Левката“ од Прилеп.

Покрај големата конкуренција и тешката одлука, комисијата оцени првото место да го додели на двајца учесници Марија Велкоска од ООУ „Кочо Рацин“ од Прилеп и Офелија Настеска од ООУ „Гоце Делчев“ од Прилеп, а второто место го додели на Ибадете Адеми од ЦОУ „Исмаил Ќемали“ од с. Црнилиште и Џансељ Реџоска од ЦОУ „Вера Циривири Трена“ од с. Дебреште, додека третото место го додели на Елда Каришиќ од ЦОУ„Мирче Ацев“ од с. Лажани, а Исидора Николоска од ООУ „Добре Јованоски“ од Прилеп доби и пофалница за најдобра интерпретација.

Добитниците на првите места покрај добиените дипломи ќе бидат наградени со вклучивање на Летниот камп, кој го организира Детската Амбасада за Сите Деца во Светот. За останатите места беа доделени дипломи и книги за својот успех, а на останатите учесници им беа доделени пофалнци за учество.

Оваа организација е заслуга на децата координатори од основните училишта од Прилеп, кои работат на активности и проекти во Детската Амбасада за Сите Деца во Светот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.