По деветти пат во Прилеп утре ќе се одржи манифестацијата “Брзо сликање”

Под мотото „ Уметниците за Осми март“ во четврток 8 март 2018 од 11 до 13 часот во ЦК„Марко Цепенков“ ќе се одржи традиционалната манифестација Брзо сликање, на која осум уметници членови на ДЛУП (Друштво на ликовни уметници Прилеп ) ќе сликаат по повод меѓународниот ден на жената.

Манифестацијата се организира по деветти пат.

-Станува збор за креативна ликовна манифестација, со која, со творештво и дружење се одбележува меѓународниот ден на жената. На овој начин уметнички се покажува дека жените се творци и креатори во општеството – велат од ЦК„Марко Цепенков“.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.