Почнува зимата – поларен студ доаѓа во Македонија

Зимата во Македонија и на северната хемисфера на Земјата календарски почнува денеска во 17 часот и 28 минути.

Во истовреме на јужната Земјина полутопка почнува летото. На почетокот на зимата денот е најкраток, а ноќта најдолга.

Сонцето во Скопје ќе изгрее во 6 часот и 57 минути, а ќе зајде во 16 часот и 5 минути. Денот ќе трае 9 часа и 8 минути.

Метеоролозите за првиот зимски ден најавуваат сончево и студено со мала локална облачност и слаб северен ветер.

Минималната температура ќе се движи од -11 до -5, а максималната од -1 до 5 степени.

Зимата ќе трае 89 дена, до 20 март 2018 година во 17 часот и 15 минути кога на северната хемисфера настапува пролетта, а на јужната есента.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.