Почина познатиот српски актер Небојша Глоговац на 49 години. Тој беше еден од најпопуларните српски актери, роден е во 1969 година во Требиње. Кога имал само 7 години се преселиле во Панчево.
Првата улога ја оствари во серијата “Бољи живот”, во која го играше школскиот другар на Слободан Бобе Попадич. По завршеното средно школо се запишал на студии по психологија на Филозофскиот факултет, а по две години се предомислил и се запишал на Факултетот за драмски уметност во Белград во класата на професорот Владимир Јевтовиќ. Заедно студирал со Наташа Нинковиќ, Војин Четковиќ и Сергеј Трифуновиќ.
Првиот филм во кој се појави е “Вуковар, една приказна”, каде го играше ликот на Фадил. Првата главна улога ја оствари во филмот “Убиство со умисла”, а голема популарност стекна со улогата во серијата “Семејно богатство”.