Почина најголемата оперска ѕвезда и најпознат баритон во светот

Најпознатиот оперски баритон на денешницата, Димитриј Хворостовски ја загуби двегодишната битка со тумор на мозокот и почина денеска на 55-годишна возраст во клиниката на малигни заболувања во Лондон.

Хворостовски беше роден во Сибир на 16 октомври 1962 година. Пред да започне со оперско пеење, Димитриј пеел хеви метал музика.

 За време на својата кариера Хвороствоски настапуваше низ сите познати оперски куќи ширум светот.

Беше обожован од милиони фанови во светот, а неговите настапи беа едни од највпечатливите.

 

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.