Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, по повод 23 Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба, оствари средба со потомци на истакнати личности кои биле дел од македонската национална борба, меѓу кои и со потомците на Методија Андонов – Ченто и Методија Шаторов – Шарло.
Претседателот Иванов им го честиташе државниот празник на присутните соговорници, истакнувајќи го придонесот на знајните и незнајните македонски револуционери и национални борци и нивното значење за формирањето на слободна македонска држава.
На средбата претседателот Иванов рече дека е наша должност никогаш да не се заборави улогата на македонските национални дејци и нивниот придонес за слободна и независна Македонија.
Фото: Фејсбук https://www.facebook.com/macedonianpresident/