Научници од Универзитетот Бригам Јанг откриле дека на Фејсбук постојат четири типови на луѓе: создавачи на врски, портпароли, селфи и оние кои висат пред излог.
– Создавачите на врски одговараат на постовите од пријателите и го користат Фејсбук за да ги зајакнат постоечките врски. Го користат Фејсбук како продолжение на нивниот живот со пријателите и семејството, пишува авторот Том Робинсон.
– Портпаролите не споделуваат информации за себе, но сакаат да информираат за она што се случува. Постираат информации, вести и најавуваат настани, односно допираат до семејството и пријателите објавувајќи информации на други начини.
– “Селфи” се оние кои го користат Фејсбук за сопствена промоција. Споделуваат фотографии, видеа и новости, но само со цел да привлечат внимание и секако лајкови.
– Оние кои “висат пред излогот”, чувствуваат потреба да бидат на Фејсбук, но ретко споделуваат лични информации. Тие сакаат да видат што прават другите, односно да висат пред излогот.
Ф.Г.