После речиси 100 години во Прилеп беа изградени 4 свети храмови – Се планираат уште 3 нови (ФОТО+ВИДЕО)

BeFunky Collage

Во изминатиов период, по пауза од скоро 100 години, Прилеп доби 4 нови цркви. Во населбата Точила се изгради црквата „Св. Петка“. Овој велелепен храм се градеше цели 7 години, а за неговата изградба помогнаа бизнис секторот од Прилеп, верниците и Општина Прилеп. Храмот беше осветен во 2015 година.

Во 2016 година црквата „Св. Петка“ доби и нова камбанарија, а хортикултурно се уреди и малиот плоштад пред црквата, кој доби фонтани, клупи, канделабри и друга урбана опрема. Моментално се работи на фрескоживописот на црквата кој е завршен над 40 проценти.

sv petka 05

Во иднина до црквата треба да се изгради уште и административна зграда, во која ќе бидат сместени канцеларии за свештениците, кујна и трпезарија за верниците.

Во кругот на општата болница „Борка Талески“ се изгради црква посветена на православниот светител „Св. Великомаченик Пантелејмон“. Црквата е со димензии 10 на 7 метри.

sv pantelejmon 03

Црква со овие димензии доби и типската населба во Прилеп, а храмот е посветен на „Св. Константин и Елена“.

????????????????????????????????????

Прилеп наскоро ќе добие уште една црква, која интензивно се гради и која ќе биде готова за брзо време, а тоа е црквата посветена на „Св. Наум Охридски Чудотворец“ која се гради пред спортската сала „Македонија“, во близина на Паркот на Револуцијата.

IMGM0479

Во иднина се планира Прилеп да добие уште 3 нови цркви кои ќе бидат изградени во населбите Тризла, Сточен пазар и Марино Маало.

Како изгледаат новоизградените цркви во Прилеп може да погледнете во видеото.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.