Со средства од буџетот на општина Прилеп во висина од 2.000.000 денари, започна реконструкцијата на училишниот двор во ООУ “Климент Охридски” во Прилеп.
Дворниот простор во ова училиште не е допрен уште од 60-тите години, а сега локалните власти заедно со директорот на училиштето Ахил Јаков, планираат од него да направат модерен училишен двор со модерно мултифункционално игралиште.
Инвестицијата опфаќа поплочување на патека со бекатон плочки за надворешни луѓе, нов асфалт за училишното игралиште, како и нови кошеви и фудбалски стативи.
Новиот изглед кој ќе го добие дворот и игралиштето одлично ќе се вклопи со реновираната спортска сала, која од неодамна го краси ова училиште.
Рановирана спортската сала во ООУ “Климент Охридски”
Покрај тоа во училиштето се уредуваа и ходниците, кои исто така добија современ изглед, во склоп на зградата за ученици со посебни потреби беше отворена и сензорна соба. – погледнете ТУКА
А/Г/