Стартот на зимските подготовки во среда 10ти јануари, информираат од клубот, кој за време на зимскиот одмор имаше доста турбуленции, претрпе притисоци и се соочи со голем број предизвици.
“Привршува одморот за фудбалерите на Победа. Стартот на зимските подготовки е закажан за среда 10-тти јануари во 11 часот со прозивка и елаборирање на планот и текот на подготовките.
Зимскиот преоден рок започнува на 15-тти јануари, а ќе трае до 11-тти февруари.
Пролетниот дел на првенството на Првата лига започнува на 14-тти февруари”, стои во целосното соопштение од ФК Победа.