Последен обид да се спаси Шпанија: Полицијата ја презема контролата над избирачките места во Каталонија

Шпанската влада соопшти вчера дека регионалната полиција ќе је преземе контролата над избирачките места на кои би требало да биде одржан референдумот за независност на Каталонија, закажан за 1 октомври, пренесува Ројтерс.

Како што пишува АП, шпанската влада и наредила на регионалната полиција да ги идентификува надредените во локалните училишта и други јавни згради за кои се очекува дека ќе бидат користени како избирачки места.

Шпанското министерство за внатрешни работи во Мадрид соопшти  дека врховниот државен обвинител во Каталонија издал наредба на полицијата да ги забележи личните податоци на надредените.

Главниот шпански обвинител Хозе Мануел Маса одбил да ја исклучи можноста за апсење на претседателот на Каталонија Карлес Пуџдемон, поради неговото инсистирање на одржување на референдумот за независност на оваа шпанска покраина.

Шпанските обвинители ги предупредиа официјалните власти во Каталонија, кои се вклучени во било какви припреми за референдум, дека ќе бидат оптужени за граѓанска непослушност, злоупотреба на службената положба или јавните фондови.

Обвинителите рекле полицијата да ги испита и напорите за промовирање на референдумот и наредиле кривична истрага за повеќе од 700 каталонски градоначалници, кои ветиле дека ќе соработуваат околу гласањето на референдумот.

Шпанскиот премиер Маријано Рахој неодамна ги повика каталонските лидери да признаат дека не можат да одржат референдум за независност на Каталонија на 1 октомври.

Шпанската влада го прогласи најавениот референдум за независност на Каталонија за неуставен, а оваа недела во Мадрид е покрената голема полициска и правосудна акција против оние кои учевствуваат во неговата организација.

А/Г/

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.