Поранешен ракометен репрезентативец доживеа тешка сообраќајка во Скопје

Милан Левов, поранешен македонски ракометен репрезентативец утринава имал сообраќајна несреќа и е задржан во Клиничкиот центар во Скопје на интензивна нега, на дополнителни испитувања, објавви „24ракомет“.

Поранешниот играч на Вардар и Металург возејќи го својот автомобил излетал од патот и се здобил со повреди. За среќа нема сериозни повреди, но поради тоа што има и хематом на главата мора да се направат дополнителни испитувања и компјутерска томографија на мозокот. Сместен е на одделот за интензивна нега.

Левов кариерата ја почна во ВВ Тиквеш, играше за Вардар и Металург, беше член на Охрид, Работнички и Радовиш, а интернационалната кариера ја градеше и во Саудиска Арабија.

Своевремено беше најскапиот македонски ракометар што направил трансфер од една во друга македонска екипа, од ВВ Тиквеш во Металург за што тимот од Автокоманда плати 30.000 евра.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.