Карен Џонсон , мајка на три деца, на својот Фејсбук профил напишала толку искрено писмо за осудувањето на родителите и толку добро, што нејзиниот пост е споделен повеќе од 500.000 пати, а добил над 900.000 лајкови.
Она што оваа мајка сака да го каже е дека секоја мајка има право на свој избор и дека секоја мајка која се труди околу своите деца всушност е добра мајка, го правела она истото што и сите или не.
Нејзиниот пост ви го пренесуваме во целост:
„Пријателки, имам нешто да ви кажам што ми лежи на душа.
Мојата куќа никогаш не е чиста. Никогаш. Имам пријателки (кои имаат деца) чија куќа е совршена.
Дали се тие подобри мајки од мене? Не. Дали сум јас подобра од нив? Не.
Вежбам секој ден. Познавам мајки што не вежбаат. Дали е некоја од нас подобра или полоша мајка поради тоа? Не.
Имам пријателка која се породи во базен во својата дневна соба. Јас се породив во градска болница со бесплатна епидурална анестезија. Двете сме одлични мајки.
Понекогаш пијам пиво или чаша вино и тоа го правам пред децата, И сум добра мајка. Мојата сосетка никогаш не пие. И таа е добра мајка!
Јас викам. Имам добра пријателка што е многу тивка и трпелива. И се восхитувам. Но, двете сме одлични мајки.
Познавам мајки кои на децата им даваат само супер органска храна, без хемикалии и бои. Моите деца некогаш јадат сладолед за појадок. И тоа евтин. Дали е некоја од нас подобра? Не.
Понекогаш пцујам, но не пред децата. Дали сум лоша мајка поради тоа? Не. Вклучена сум во школскиот живот на моите деца, но не им стојам над глава 24 часа дневно, ниту пак одам секој ден во нивното училиште. Дали мајките што го прават тоа се подобри или мајките што не го прават тоа се лоши? Не.
Дали сум им неверојатно благодарна на мајките што секој ден во училиштето им помагаат на наставниците? Да. Дали мајките што не се вработени се подобри од мајките што се? Не.
Дали вработените мајки се подобри од невработените? Не.
Дали мажените мајки се подобри од самохраните? Не.
Дали сте подобра мајка ако ги водите децата на егзотични патувања? Не.
Дали сте добра мајка ако најблиската дестинација на која можете да ги однесете децата е парк? Да.
Можете ли да бидете добра мајка ако летниот распоред ви е претрупан со планови? Да.
А, ако немате планови? Да.
Ги остава ли добрата мајка децата да гледаат ТВ? Да.
А да играат игри? Да.
А што ако одговорот е „не“? И тоа е во ред. Ваш избор. Вие сте мајка. И тоа добра.
Јас сум христијанка. Мојата пријателка е муслиманка. Другата пријателка е атеист. Сите сме одлични мајки.
Јас дојам. Моите деца никогаш не пиеле вештачко млеко. Дали сум подобра мајка од оние што ги хранат децата со вештачко млеко? Не.
И што сега? Можеме ли за момент да се симнеме од планината на осудување? И едноставно меѓусебно да се поддржиме? Или можеме само да кажеме: „Еј, мајчинството е тешко. Добро ти оди!“
Колку би било супер тоа. Јас само да кажам“, напишала Карен.