Поради тоа мразот забрзано се топи: Нешто чудно се случува на Антарктикот, а доаѓа од внатре

Американската Национална вселенска агенција (НАСА) го пронашла изворот на чудната топлина длабоко под Антарктикот, поради што ледениот континент забрзано се топи.

Пред околу 30 години, научник од Универзитетот во Колорадо соопштил дека можеби постои нешто повеќе од врела стена и тоа во регионот познат како “Земја Мери Берд”. Таа претпоставка помогнала да се објаснат некои чудни појави во мразот, како вулкански активности.

Во некои делови од светот, врелите стени се креваат од Земјината школка, а потоа се шират под кората, поради што тлото се издигнува. Таквите појави се карактеристични за Хаваите и Јелоустоун, каде се бележи силна геотермална активност, и покрај тоа што се далеку од рабовите на тектонските плочи.

Меѓутоа, неверојатен е фактот што се наоѓа под вечниот мраз

“Мислев дека тоа е луда идеја”, рекла Хелен Сероуси од НАСА ЈТЛ лабораторијата, која ја предводи новата студија. “Не забележав како сме можеле да имаме толку голема количина на тополина, а да мразот на површината да се задржи”, додала таа.

Со тоа сега се направил нумерички модел на геотермална активност, со цел да се испита необичната појава на “Земјата Мери Берд”, вклучувајќи ја и големата река, која се појавувала под површината на мразот, како и езерото на тврстото тло.

Утврдиле дека длабоко во утробата на Земјата на ова место постои силен извор на притисок и топлина, кој е формиран помеѓу 50 и 110 милиони години, многу години пред Антарктикот да биде закован со мраз.

 

А/Г/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.