Во 15 часот и 30 минути на регионалниот пат Прилеп-Кичево, кај местото викано “Барбарас“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Фолксваген Пасат“ со прилепски регистарски таблички, управувано од 45-годишниот А.С. од Прилеп и товарно возило со прилепски регистарски таблички управувано од 49-годишниот Б.Р. од селото Големо Коњари, прилепско.
Во незгодата со тешки телесни повреди (скршеница на карлица и повреди на главата) се здобила сопатничката во патничкото возило „Пасат“, А.Е. (42) од Прилеп и по укажана лекарска помош во Медицински центар-Прилеп поради сериозноста на повредите е пренесена во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје, додека пак возачот на “пасатот“ А.С. во незгодата се здобил со скршеница на десна надколеница и е задржан на лекување во Медицинскиот центар Прилеп.
Исто така, со телесни повреди се здобиле и возачот на товарното возило Б.Р. како и неговите сопатниците, Б.Г. (35) и К.З. (46) двајцата од с. Г.Коњари-Прилеп.
Увид на лице место извршила увидна екипа од ПС-М.Брод, а по наредба на ЈО возилата се однесени на технички преглед.