Во текот на вчерашниот ден во 12 часот и 30 минути на регионалниот пат Градско-Прилеп се случи сообраќајна незгода помеѓу возило „Пежо 307“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 30-годишниот Ј.К. од Сокопје и возило „Опел Аскона“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 31-годишниот П.Н. од Прилеп.
Во незгодата од здобиените повреди на лице место починал П.Н., а смрт е констатирана од доктор од итна медицинска помош.
Увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа од Полициска станица Прилеп.
По наредба на јавен обвинител над телото на починатиот ќе се врши обдукција.