Полицијата се запрепастила – Македонец во Швајцарија сакал да ја пренесе цела куќа со автомобилот

На автопатот во близина на швајцарскиот град Швиц, 52-годишен македонски државјанин бил запрен од полицијата. Тој во автомобилот „форд” внатре и на покривот бил претоварен со предмети од домаќинството.

Дозволениот товар за возилото било 300 килограми, а измерени биле вишок од дури 700 килограми. Само предметите на покривот од возилото ја надминале дозволената оптовареност за 300 килограми, објави швајцарскиот весник „Блик“.

На возилото му било забрането да го продолжи патот и ќе му биде изречена соодветна казна.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.