Покрај Марлборо, поскапе и Ронхил, како и цигарите на Тутунски Комбинат Прилеп

Како што вчера објавија дел од порталите, нова цена добија Марлоборо цигарите. Наместо досегашните 100 денари, за одредени вкусови ќе плаќате 110 денари.

Нова цена имаат и цигарите Ронхил, кои се поскапени за 5 денари, а нова цена деновиве ќе имаат и цигарите Вест.

Од вчера нови цени имаат и цигарите на Тутунски Комбинат Прилеп. Брендот поскапе за 2 денари, а Ориенталот за 5.

Сега Бренд меко се продава по цена од 70 денари, а познатите Бренд тврдо за 75 денари. Ориентал цигарите достигнаа цена од 80 денари.

Со сегашното тепомо на зголемување на цените, одредени брендови можат да поскапат и до 200 денари или 3,2 евра, цена која веќе е присутна во земјите од соседството кои се членки на Европската Унија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.