Скандал: Јованоски за новогодишните празници подаруваше „ПОСЛОВНИ РОКОВНИЦИ“!?
Зарем нема ли фирми во Прилеп како Графотисак од БиХ?
Новинарите за новогодишните празници од градоначалникот добија несекојдневен подарок. На средбата, која помина без кафе, на последниот работен ден од годината што измина, покрај „кусата лекција“ за новинарската етика и професионалноста, новинарите добија и доказ за тоа дека таткото на градот по кој знае кој пат, едно ветува и зборува, а друго прави на дело, пишува неделникот “Зенит”.
Можеби немаше да биде ништо чудно и скандалозно доколку во новогодишното колетче од Општина Прилеп не се најдеше и странски подарок. Секоја чест за календарот со фотографиите од стар Прилеп, (историја, присет или нешто непознато за младите генерации), но тефтерот беше “врв”!
На лицемерието и лажните ветувања пред граѓаните од страна на Илија Јованоски им немаат крај. На кориците пишува, Локална самоуправа Прилеп, а внатре на латиница “Пословни дневник – роковник” за 2018 во Б5 формат од земја на потекло: Босна и Херцеговина, Б Задре, Груде, Графотисак.
Зарем вака ли првиот човек ги поддржува домашните фирми? Зарем нели локалната економија му беше во фокусот на програмата. Прилепчани не го забораваат неговиот предизборен настап кога на 28 септември ги убедуваше гласачите дека локалната економија и новите работни места се во неговиот фокус .
На прес конференција во центарот на градот, доколку ја добие довербата на прилепчани, најави поддршка на малите стартап компании на кои, новата локална власт бесплатно ќе им отстапува простор и ќе им обезбеди услови за вршење дејност.
Тој најави формирање нов сектор за истражување на можностите за економско искористување на суровините со кои располага општината, особено за мермерната индустрија. Па финансиска и друга поддршка за традиционалните занаети.
– Ќе посредуваме за извоз на нови пазари на сите преработувачки капацитети од општината. Ние ја активираме спиралата на покачување на платите, преку директна поддршка на домашните фирми, пред се, за малите и средните претпријатија, изјави Јованоски.
Едно вети, но очигледно друго прави. Зарем во Прилеп нема фирми кои можат да изработат дневници за работа, и тоа да бидат на македонски јазик и кирилско писмо.
Само според податоците до кои може да се дојде, на пример на “Златна книга” во Прилеп има најмалку 5 печатници, кои се занимаваат со изработка на дневници, календари и други канцелариски материјали.
Како и зошто “дојдоа” босанските тефтери во локалната самоуправа треба да знаат прилепчани и да добијат одговор од градските власти. Но, и која е заднината или станува збор за зделка од која некој длабоко профитира?!
ДАВАЊЕ И ЗЕМАЊЕ СО Б и Х?!
Премеирот Заев за само 5 месеци оствари во два наврати посета на Босна и Херцеговина. На 23. јули, Заев со 5 министри беше во Б и Х за унапредувањето на регионалната соработка на Македонија и Б и Х што отвора пат кон ЕУ. Заев беше во Б и Х и во ноември. Се разгледувала и можноста за потпишување договор меѓу двете змеји за патување со лични карти за граѓаните.
– Владата ги темели своите активности на принципот на градење едно општество за сите. Посетата во Сараево на граѓаните од Македонија може да им отвори нови врати – изјави премиерот Зоран Заев од Сараево.
Очигледно дека Б и Х и Македонија почнаа регионална соработка, а Прилеп ја покажа и на дело.
Извор: НЕДЕЛНИК ЗЕНИТ