Леонардо Бонучи и Дани Алвес повеќе не се играчи на шампионот на Италија. И двајцата го напуштија клубот, а нивното заминување одекна како бомба меѓу навивачите на “старата дама”. Но, ништо не било случајно! Додека фановите со неверување гледаа на преминот на Бонучи во редовите на ривалот од Милано, имало нешто скриено, за кое никој не знаел.
Во соблекувалната на Јуве за време на финалето од Лигата на шампиони се случиле многу работи, што со сигурност влиаеше на изгубеноста на играчите на теренот, за време на второто полувреме против Реал Мадрид. Јуве имаше нерешен резултат на полувремето (1:1) и добра игра, но во вториот дел на теренот излезе сосема нов и непрепознатлив клуб. Така клубот од Торино стана лесен плен за “кралевите” и загуби со 4:1.
Марио Манџукиќ за медиумите ја открива целата приказна, за поразот и заминувањето на Алвес и Бонучи.
“На денот на финалето од Лигата на шампиони, влеговме во соблекувалната да се пресоблечеме. Дани Алвес пушти самба на цел глас. Јас му реков да намали, и продолжив да гледам во мојот орман. Но, Лео Бонучи не реагираше истп. За него освојувањето на Лигата на шампиони беше опсесија. Стана, отиде до Алвес и му рече: “Ако во рок од три секунди не го исклучиш тоа, ќе ти ги скршам нозете!”
На тоа Бразилецот му одговори дека тој ја има освоено Лигата на шампини веќе три пати, нешто што го излуди Бонучи. И јас ја имам освоено шампионската титула, но такво нешто не би рекол.
Тогаш Лео го зграби Алвес за грло и сакаше да го удри во главата, но Алегри успеа да ги раздвои. Ги санкционира двајцата. Тоа беше најчудната одлука која сум ја видел до сега. Сега конечно е мирно во соблекувалната и можеме да се посветиме на играте”, истакнал Maрио Манџукиќ пред медиумите, а пишува Сериа А Балкан.
А/Г/