После извршената аудиција, од голем број пријавени кандидати, комисијата при гимназијата “Мирче Ацев” – Прилеп избра 18 учесници за овогодинешниот осми по ред “ГИМФЕСТ”.
Oва се учесниците за оваа година:
Ангела Зероска, Ведрана Петреска, Тереза Пипиџаноска, Елена Хаџи-Спироска, Нина Коцеска, Сања Роканоска, Мартина Димитриоска, Ивана Наумоска, Ивона Нанческа, Евгениј Темелкоски, Теодора Јовеска, Викторија Илиовска, Теодора Димеска, Натали Китаноска, Антониот Николоски, Андоновски Петар, Стефан Ангелевски и Анастазија Христоска.
“И овој “ГИМФЕСТ” поседува фантастичен квалитет. Време е за работа, забава и уживање. Се гледаме на ГИМФЕСТ 2018″, напишаа организаторите на фан страната на Фејсбук.