Познати се првите звучни имиња кои оваа година ќе ги забавуваат прилепчани на 15-тото издание на фестивалот на пивото и скарата, што ќе се одржи од 13-16 јули.
На фестивалската сцена во Прилеп ќе застанат: Ален Исламовиќ (14.07), “Амадеус Бенд” (14.07), домашните групи “Нокаут” и “Еуе Cue”, а и оваа година на “Пиво Фест” ќе има простор за љубителите на реге музиката, во Прилеп гостува една од светските реге ѕвезди DONALD MINOTT.